policija6-640x360

Албански државјанин во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир во Охрид

Охрид, 13. мај 2019 (ИНПРЕС) – 49 годишен од Прењас, Албанија го нарушил јавниот ред во Охрид.

Вчера околу 15:00 часот, пред колонијална продавница на улицата „15-ти корпус“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање, извршен од К.Т.(49) од Прењас, Република Албанија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, недолично се однесувал кон граѓаните.

При обид да биде легитимиран, тој физички им се спротивставил на полициските службеници.
К.Т. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest