„Имам нешто да ти кажам“ Vol. 7 во четврток во кафе бар Shilla

Охрид, 13. мај 2019 (ИНПРЕС) – Во организација на Независката аматерска театарска група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид, во четврток, на 16-ти мај, во кафе бар Shilla ќе се одржи седмото издание на „Имам нешто да ти кажам“.

– Овојпат позачинето издание, покрај стандардните авторски песни кои повторно ќе бидат на репертоар, вклучуваме и песни на тема од најпопуларната тв серија на сите времиња – Game of thrones. Open mic едицијата ќе функционира на начинот на кој секој еден од публиката за време на настанот може да се пријави за учество со песна напишана во моментот на инспирација. На крајот од Open Mic, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор. Може да се пријави кој сака. Се гледаме, велат организаторите.

Почетокот е закажан за 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest