Светската психијатриска асоцијација ќе одржи Конгрес за деменции во Охрид

Охрид, 15. мај 2019 (ИНПРЕС) – Од денес до 18-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на врвни експерти и имиња во психијатријата, кои доаѓаат на Конгресот за деменции на Светската психијатриска Асоцијација.

Истиот е во ко-организација на Светската психијатриска Асоцијација и Македонската психијатриска асоцијација. Претседател на Конгресот е проф. Хелен Херман од Австралија, Претседател на Светската асоцијација, а на Конгресот ќе учествува и свој состанок ќе има и целиот Извршен одбор на Светската психијатриска асоцијација кои првпат ќе бидат присутни во ваков состав во целиот Регион. Конгрес од ваков светски формат, од областа на психијатријата и неврологијата првпат се одржува, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.

На Конгресот активно со свои презентации ќе учествуваат над 400 учесници, психијатри, невролози и невропсихолози од земјава и земјите од регионот, Европа и светот.

Грижата за граѓаните во трета животна доба пошироко и посебно креирање на пријателско општество на заболени од деменција (52 милиони заболени од деменција во светот во 2018 година) ќе биде еден од ЕУ приоритетите во годините што доаѓаат, а претседателот на Словенија веќе го има прифатено овој приоритет, како еден од приоритетите во време на председавањето на Словенија со ЕУ, вели проф. д-р Александар Новотни, претседател на Организацискиот одбор. (Крај)

извор: republika.mk фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest