Вечерва премиера на „Перфектни странци“ во Охрид

Охрид, 15. мај 2019 (ИНПРЕС) – Во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денес и утре ќе се игра претставата „Перфектни странци“ на драмската секција при Гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.

– Што ќе се случи доколку скришно ѕирнете во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината ќе го реши проблемот, или пак ќе отвoри нов? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе? Да, мобилните телефони се нашите „црни кутии“! Пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи… и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрaјќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себе – претставување. Сѐ во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со пост вистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања, порачуваат организаторите.

Во претставата играат: Огнен Секулоски како Роко, хирург пластичар, Викторија Алексиоска како психијатарот Ева, Ана Митреска во улогата на Софија, ќерка на Роко и Ева, Стефан Николиќ како таксистот Козимо, Мила Коруновска како ветеринарката Бјанка, Михаил Тилев како Џузепе, правник во ЕНИ, Франческа Маркулевска како Карлота, вработена во ЕНИ и Владимир Тодоровски во улогата на Пепе, наставник по физичко образование. За техничкиот дел на претставата се задолжени Владимир Велјаноски и Горазд Томчов.

Претставата е со почеток во 20:00 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Влезот чини 100 денари. Резервации на билети можат да се направат на телефонот 075/453-434.

Повеќе за претставата од интервјуто што за Супер радио и OhridPress го даде професорката по македонски јазик Ирена Бачиќ, која ја води драмската секција во гимназијата и заедно со гимназијалците Владимир Тодороски и Викторија Алексиоска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest