Кривична за лице од Радолишта, кај кое била пронајдена марихуана

Охрид, 15. мај 2019 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, надворешната канцеларија за криминалитички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишнито А.М. од струшкото село Радолишта.

– На 13-ти октомври минатата година во село Радолишта полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest