НБА: Кари незапирлив, Вориорси поведоа во серијата со Портланд (Видео)

Оукленд, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС)Голден стејт вориорси ја забележаа првата победа во финалната серија, во Западната конференција. Вориорси пред своите навивачи славеа над Портланд трејлблејзерс, 116:94.

Актуелните шампиони имаа предност во текот на целиот натпревар, Блејзерси на моменти успеваа да се доближат, но немаа решение за Стеф Кари. Бекот на Вориорс ја презеде лидерската улога во отсуство на Кевин Дурент.

Кари го предводеше тимот со 36 поени, тој од 15 обиди успеа да погоди девет тројки. Го следеа во чекор Клеј Томпсон со 26 поени, односно Дрејмонд Грин со 12 поени и 10 скока.

Вориорси погодија 17 тројки, а Портланд само седум и тука е клучот на триумфот на актуелните шампиони.

Портланд го предводеше Демијан Лилард со 19 поени, два помалку постигнаа Си Џеј Мекалум, Родни Худ и Морис Харклес. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest