Сугарески: Ќе се интензивира работата на автопатот Кичево Охрид

Скопје, 15. мај 2019 (ИНПРЕС) – Ќе се интензивира работата на автопатот Кичево Охрид, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево-Таор.

Тој очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.

– Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавиве дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година, истакна Сугарески.

Министерот наведе дека моментно се работи на 90-тина проекти за над 700 километри патишта патишта, мостови и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра. (Крај)

извор: Капитал фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest