grigorprlicev

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ продолжуваат да нижат успеси на Државните натпревари во повеќе области

Охрид, 15. мај 2019 (ИНПРЕС) – Завидни резултати постигнаа основците од ОУ „Григор Прличев“ на Државните натпревари во повеќе области, што се одржаа изминатиот викенд.

На натпреварот по природни науки и биологија Никола Танески (IV одделение) освои трета награда, Ангел Трајчески пофалница, под менторство на Елизабета Русеска. Петтоодделенката Елена Веруш освои втора награда, а ментор и беше Илинка Лекоска. Леонид Тодороски и Иван Буриќ под менторство на професорката Зоре Ѓоршоска освоија прво место, а Софија Милевска освои втора награда, ментор Валентина Петровска.

Бистрите умови покажаа и одлични резултати на Државниот натпревар по математика. Леонид Тодороски ја освои првата награда, а Ана Томоска доби пофалница, под менторство на Александар Ангелевски. Теодора Трајческа доби пофалница, а ментор и беше Лилјана Фанкоска, додека осмоодделенката Емилија Николовска, со ментор Марика Бубеска освои втора награда. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest