Перо Антиќ е нов претседател на МКФ

Скопје, 15. мај 2019 (ИНПРЕС)Перо Антиќ е избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Прославениот кошаркар на денешното Собрание ги доби гласовите на сите 27 делегати.

Двојниот освојувач на Евролигата, беше единствен кандидат за претседтел откако вчера Владимир Темелковски се повлече од лични причини, а сега веќе ек-претседателот Петар Наумовски пред почетокот на Собранието се откажа од трката.

„Секако дека сум среќен, но искрено малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest