Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа со својот трицикл денес ќе пристигне во Охрид

Охрид, 16. мај 2019 (ИНПРЕС) – Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид.

– Малкумина веруваа дека може. Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16:00 часот, каде охриѓани му подготвуваат пречек, информираат од неговиот тим.

Image may contain: one or more people, bicycle and outdoor

Утре Васил преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest