tekvondo3-640x355

Теквондисти на ХВА РАНГ ИТФ викендов учествуваат на турнирот „Љубљана опен“

Охрид, 17. мај 2019 (ИНПРЕС) – Шест теквондисти од клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец рано утрово заминаа за Словенија каде претстојниов викенд ќе учествуваат на 17-то издание на турнирот „Љубљана опен“.

Станува збор за еден од најјаките теквондо турнири за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко. Нашиот клуб под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан ќе учествува на овој престижен турнир во скратен состав, додека пак побројни ќе бидат веќе на следниот предизвик, Гран при турнирот во Зворник, Босна и Херцеговина.

– Најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“ кој e најзаслужен за сите учества на најпрестижните турнири како и за нашите огромни успеси, како што беше успехот од последното Европско првенство во Римини Италија, каде Давид Крстески на само 11 години освои бронзен медал и со тоа се запиша како најмлад спортист од нашата држава кој освоил медал од Евроспко првенство, вели тренерот Лазаревски.

Од клубот ХВА РАНГ ИТФ го најавија и нивниот турнир кој ќе се одржи на 22-ри јуни во СРЦ „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest