НБА: Вориорс со пресврт до предност 2-0 во серијата со Портланд (видео)

Оукленд, 17. мај 2019 (ИНПРЕС)Кошаркарите на Голден стејт вориорс за уште еден чекор се доближија до големото финале во НБА-лигата. Актуелните шампиони водат со 2-0 во финалето на Западот против Портланд Трејлблејзерс. Вориорс вториот меч од оваа серија го добија со 114:111.

Портланд имаше, но не ја искористи шансата да направи брејк во „Оракл арена“ во Оукленд. Блејзерси имаа предност од 17 поени во текот на првото полувреме, водеа со 16 поени (69:53) на почетокот на третата четвртина, а на четири минути до крајот на мечот водеа со разлика од осум поени. Имаа Блејзерси и шут за израмнување но Грин му украде „жива“ топка на Демијан Лилард.

На крајот пресуди шампионското искуство на Вориорс, кои благодарение на Стеф Кари и Дрејмонд Грин не дозволија брејк. Портланд не успеа да победи иако блескаа во шутот за три поени, погодија 18 тројки од 39 обиди.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest