Туристичките автобуси ќе се паркираат на паркингот кај СЦ „Билјанини извори“

Охрид, 17. мај 2019 (ИНПРЕС) – Одредена локацијата на која ќе се паркираат туристичките автобуси и каде ќе може да слегуваат и да се качуваат туристите.

Директорката на ЈП „Билјанини извори“ одржа работен состанок со претставници на туроператори, туристички агенции и СВР Охрид, а разговараа за режимот на сообраќај на туристичките автобуси во централно градско подрачје.

– На состанокот се одлучи качувањето и слегувањето на туристите да се врши на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ на потегот од општина Охрид до пресекот со улицата „Партизанска“, а паркирањето на автобусите ќе се врши на паркингот кај спортскиот центар Билјанини извори“, информираат од ЈП „Билјнаини извори“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest