gripvakcina-640x360

Нема дискриминација во забраната невакцинираните деца да се запишат во школо

Скопје, 17. мај 2019 (ИНПРЕС) – Не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата, смета Комисијата за заштита од дискриминација.

Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо не претставува дискриминација врз ниту една основа, вклучувајќи уверување, здравствена состојба, социјална заштита и пристап до добра и услуги.

Комисијата оценува дека мерката за забрана соодветствува на реалните потреби и е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат.

– Не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна (објективно оправдана) цел, согласно член 5 точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Таа не е спротивна на Уставот и одредбите на меѓународните договори, соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, како и животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со невакцинираните деца. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена по претходно предвидена процедура и од соодветни органи, а и сите родителии и старатели се информирани на ефикасен начин – образложува Комисијата.

Општото мислење на Комисијата се однесува на сите претставки кои содржат наоди за наводна дискриминација што се веќе доставени или допрва ќе бидат доставени во Комисијата. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest