petardi

Кривична за охриѓанец кај кого биле пронајдени 7.543 парчиња пиротехнички средства

Охрид, 17. мај 2019 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.С. од Охрид.

– При претрес, извршен во неговиот дом, на 26-ти декември 2018 година, пронајдени и одземени беа вкупно 7.543 парчиња пиротехнички средства што нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest