„Совест“ во понеделник повикува на протест за стопирање на изградбата на минарето на охридската џамија

Охрид, 17. мај 2019 (ИНПРЕС) – Од Здружението на граѓани „Совест“ информираат дека во понеделник, во 16:00 часот ќе одржи протест на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, со цел стопирање на изградбата на минарето на Алипашината џамија.

– Во понеделник, на 20-ти мај, со почеток во 16:00 часот, пред зградата на општина Охрид, на улицата „Димитар Влахов“ се организира мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Да му ставиме крај на беззаконието. Нема правда, нема мир, порачуваат од „Совест“.

Досегашниот прв човек на здружението „Совест“, Михаил Трендафилов Нанче неодамна се повлече од функцијата претседател. Одлуката тој ја соопшти на последната прес конференција, на здружението на која известија за натамошните чекори во врска со изградбата на минарето на Али Пашината џамија.

– Како претседател на „Совест“ прифаќам и лична одговорност и се повлекувам од функцијата, истакна Трендафилов Нанче.

Dzamija-minare

Од „Совест“ од премиерот Зоран Заев побараа итно да донесе ефектна одлука во однос на изградбата на минарето на Али Пашината џамија во Охрид.

– Наша основна определба е легализмот, работевме најлегално, институциите да си ја завршат работата, но за жал доцна сфативме дека проблемот не е во неспособноста на институциите туку во замешаноста на политиката. Бевме наивни, дури и масовниот протест го откажавме со цел мирно да поминат изборите. Додека очекувавме разврска, се прошири веста дека ние сме се испазариле работите да продолжат, излезе дека ние сме се испазариле, ние што го отворивме прашањето. Сега кога имате апсолутна власт во претседател, премиер и градоначалник се надевам дека без никакви пречки ќе знаете да го решите овој за нас банален проблем, кој доведе до верски и меѓуетнички тензии, порачаа од „Совест“. (Крај)

извор: Совест фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest