marihuana2

Кај две лица од Албанија кои живееле во Охрид пронајдени 23 килограни марихуана

Ресен, 20. мај 2019 (ИНПРЕС) – На патот село Стење-Царев Двор, во близина на ресенското село Козјак, синоќа околу 22:00 часот, полициски службеници од СВР Битола во возило со бугарски таблички пронашле 23 килограми марихуана.

– Службениците во возилото „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки, ги затекнале лицата Б.Г. (46) и В.А. (56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид и уште едно лице кое управувало со возилото. Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во Полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest