Се полагаат завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик

Охрид, 21. мај 2019 (ИНПРЕС) – Вкупно 270 курсисти во Скопје и Охрид ги полагаат завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик.

Курсевите беа организирани од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Испити полагаат 230 курсисти во Скопје и 40 во Охрид.

Заедно со овие кандидати, вкупната бројка на ученици, студенти и граѓани кои ги посетуваа курсевите по руски јазик во изминативе три години, од отворањето на Центарот до денес, е повеќе од 1.900 слушатели. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest