Атлетичарот Јован Стојоски обезбеди норма за учество на Европско првенство

Белград/Охрид, 21. мај 2019 (ИНПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски проолжува да нижи брилијантни успеси и да руши државни рекорди.

Пуленот на покојниот Исмаил Мачев, кој од неодамна работи со Марина Мишиќ, триумфираше на трките од 200 и 400 метри на контролниот митинг за сениори во склоп на Купот на Белград за јуниори.

Патеката од 200 метри ја истрча за 21.40 секунди и со тоа постави нов државен рекорд, кој претходно го држеше Ристе Пандев (21.65). На трката од 400 метри постигна резултат 47.72 секунди, со што го собори сопствениот рекорд и за првпат истрча под 48 секунди.

Со ваквите резултати, Стојоски обезбеди норма за учество на Европското првенство U23 што ќе се одржува во Доха, Катар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest