Крсте Андоновски и Иван Тасески остануваат во ГРК Охрид

Крсте Андоновски и Иван Тасески остануваат во ГРК Охрид

Охрид, 29. мај 2020 (Inpress) – Капитенот Крсте Андоновски и Иван Тасески продолжуваат со ГРК Охрид.

Охридското дуо и следната сезона ќе биде важна алка во екипата и соблекувалната продолжувајќи ја соработката со „гладијаторите“.

Фотографија на ГРК Охрид.

Фотографија на ГРК Охрид.

По продолжувањето на соработката со стратегот Раде Стојановиќ, охридскиот ракометен клуб и натаму работи на задржување на костурот на екипата од минатата сезона. Па, претходно ги продолжи и договорите со триото интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот, а пред десетина дена и со поранешниот младински репрезентативен голман Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков. (Крај)

извор: Inpress  фото: архива