Кампањата на „ЕУ за ТЕБЕ“ продолжува во Струга и Охрид: „За чисто како дома исто“

Охрид/Струга, 27. мај 2019 (ИНПРЕС) – Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар денес ќе ги посети Струга и Охрид, како дел од патувачкиот ЕУ автобус.

За време на посетата, амбасадорот Жбогар ќе има дебата со средношколците за „Визијата на младите за Европската Унија“, проследена со велосипедско родео за најмладите.

Караванот ќе продолжи во Охрид каде амбасадорот Жбогар ќе го објави почетокот на нова кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот.

Граѓанските иницијативи и активистите веќе го започнаа пролетното чистење на земјата и „ЕУ за ТЕБЕ“ го поддржува еко-активизмот во државата со слоганот „За чисто како дома исто“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest