Жбогар: Државата е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации

Охрид, 27. мај 2019 (ИНПРЕС) – Република Северна Македонија е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации, оцени евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска од Охрид.

Тој посочи дека по се’ што е направено во изминативе месеци се забележува напредок.

– Знаеме дека граѓаните гледаат критички на процесите, дека очекуваат повеќе. Но сепак, многу е направено, не само во подобрувањето на односите со соседите, туку и во оферата на реформите. Тоа ќе биде признаено во извештајот што ќе биде објавен в среда, изјави Жбогар и додаде дека очекува тој да биде позитивен и поддржувачки.

Што се однесува на резултатите од спроведените парламентарни избори во рамки на ЕУ, Жбогар нагласи дека има зголемена поддршка за евроконзервативците, но оти се уште проевропските партии имаат цврсто мнозинство во Европарламентот. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: slobodnaevropa.mk/МИА

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest