Новите 100 и 200 евра се пуштени во промет

Франкфурт, 28. мај 2019 (ИНПРЕС) – Новите банкноти од 100 и 200 евра од денеска се пуштени во промет, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Тие се помали, потрајни и имаат нови иновативни безбедносни карактеристики кои го прават фалсификувањето тешко.

Банкнотите се дел од едиција „Европа“ од која веќе се издадени и банкноти од  5, 10, 20 и 50 евра.

Сто евра, како што соопшти ЕЦБ, е трета најшироко користена евро банкнота по банкнотите од 50 евра и 20 евра. Побарувачката за банкноти од 100 и 200 евра се зголемува со годишна стапка од 7,6% за 100 и 8,6% за 200 евра.

Банката соопшти дека старите банкноти од 100 и 200 евра се во промет и постепено ќе бидат заменувани. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest