Потона брод на Дунав, загинаа најмалку седум лица

Будимпешта, 30. мај 2019 (ИНПРЕС) – Најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 19 се водат за исчезнати во бродската несреќа која се случи на реката Дунав, во главниот град на Унгарија, Будимпешта, објавија унгарските медиуми.

Во моментот на несреќата, на бродот имало триесет и три лица, претежно туристи од Јужна Кореја. Според новинската агенција МТИ, причина за трагедијата е судир на две пловни возила. Инцидентот се случил синоќа, околу 22:00 часот по локално време.

The majority of the tourists on the boat are reportedly from Asia

A boat takes part in the search operation on Danube in Budapest. Photo: 30 May 2019

И Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека 19 Корејци се водат за исчезнати. Јужно-корејската владата планира да испрати тим на официјални претставници во Унгарија и вети помош и поддршка за семејствата на жртвите. (Крај)

извор: BBC фото: BBC

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest