Трета забава „30 слатки денови со Тамаро и Swisslion“ во „Тамаро 10“ маркетот (Фото/Видео)

Охрид, 31. мај 2019 (ИНПРЕС) – Продолжуваат супер-атрактивните проекти, кои охридските „Тамаро“ маркети ги организираат за своите купувачи.

Во пресрет на летото, во „Тамаро 10“ маркетот на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, денес се одржа третото издание на најновиот и супер сладок проект „30 слатки денови со Swisslion“.

– Сите сакаат благо, сите сакаат чоколада. Во рамките на овој проект ставаме акцент на највкусните производи „Банат“ и „Дариа“ на Swisslion. Оние кои ги пробале, знаат за што зборуваме, а сите други, повелете во најблискиот „Тамаро“ маркет, каде можете да ги пробате. Имаме и други бројни производи на Swisslion, името кое со насмевка го изговараат вљубениците во вкусните производи ширум светот, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.

Image may contain: one or more people, table, food and indoor

Сите се произведени по оригинална Swisslion технологија од природни, строго контролирани состојки, по стандарди кои се гаранција за врвен квалитет. Чоколади и кремови, бомбони, вафли, медењаци, кекс и желе производи, сладолед, сокови, храна за деца, до алкохолни и безалкохолни пијалоци, супи, тестенини и месни производи, сите под брендот на Swisslion.

Ќе имаме многу награди за слушателите на Супер радио, а за купувачите во „Тамаро“ маркетите ќе имаме и четири забави, на кои ќе дегустираме Swisslion производи и секако ќе добиваме вредни награди.

Image may contain: 2 people, people standing and food

Ова се датумите и локациите на кои ќе се одржат забавите:

1. 17.05.2019 година (маркет фабрика „Братство“)
2. 24.05.2019 година (маркет „Тамаро 10“ Крст Џамија)
3. 31.05.2019 година (маркет АСНОМ)
4. 07.06.2019 година (маркет „Туристичка“ – пазар)

Image may contain: 2 people, people sitting, food and indoor

Ова е само продолжување на соработката на водечките охридски „Тамаро“ маркети и најдобрата локална радио станица, Супер радио на полето на маркетингот. Двете компании најавуваат уште многу заеднички интересни проекти во периодот пред нас. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest