Индустриски преработена храна е поврзана со прерана смрт

Париз, 3. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Индустриски преработена храна како похувано пилешко, сладолед или преработени житарки е поврзана со изгледите за предвремена смрт и полошо здравје, предупредуваат научниците.

Научниците во Франција и Шпанија велат дека потрошувачката на такви прехранбени производи станала пообемна. Нивните студии не претставуваат краен доказ за штетноста на овие храни, но доаѓаат веднаш по истражувањето кое покажало дека таквата храна предизвикува прејадување.

Експертите изразуваат претпазливост и повикуваат на дополнителни истражувања.

Индустриски преработена храна може да се препознае по долгиот список на состојки на амбалажата, вклучувајќи и конзерванси, засладувачи и вештачки бои, а професорката Маира Бес-Растоло од Универзитетот Навара, за БиБиСи Њуз изјави дека доколку пакувањето содржи повеќе од пет состојки веројатно се работи за индустриски преработена храна како колбаси или хамбургери, преработени житарки, инстант супа, похувано, колачи, чоколади, сладолед, масовно произведен леб, готови јадења и друго.

Научниците веруваат дека луѓето можеби јадат многу индустриски преработена храна поради тоа што е богата со енергија, но и недостасуваат многу хранливи состојки и влакна, а можеби не е здраво да се консумираат адитивите кои се дел од таа храна, иако истражувањата покажаа дека се безбедни за консумирање, лесни за јадење и ја потиснуваат поздравата храна, бидејќи кој ќе земе овошка ако има сладолед.

Нутриционистката Викторија Тејлор од британската фондација за срце потсетува дека одамна се препорачува прехраната како медитеранската, која се одликува со непреработени намирници како овошје, зеленчук, риба, зрнести плодови, мешункасти плодови и интегрални житарки.

Тоа, заедно со редовно вежбање и непушање, се покажа како корисно за намалување на ризикот од срцеви заболувања и болести на крвотокот.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Бритиш Медикал џурнал.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest