sdsmnovstabohrid1-640x360

Истекува рокот за самокандидирање, кој ќе биде нов претседател на ОО на СДСМ Охрид?

Скопје/Охрид, 5. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Денес истекува рокот за самопријавување на нов прв човек на Општинската организација на СДСМ, од каде неодамна објавија повик, откако неодамна лидерот на партијата Зоран Заев разреши 78 претседатели на локалните ограноци.

Кандидатите заклучно со денес треба да достават стандардизирана програма и биографија, заедно со пријавата, изјава за етички кодекс, правилник и роковник.

– Кандидатите треба да да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на Општинската организација на СДСМ. Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина, да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ, да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап, да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги, да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат, да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата. Сите заинтересирани кандидати своите програми за работа треба да ги достават најдоцна до 5-ти јуни 2019 година до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на улица „Павел Шатев“ бр.8 во Скопје, стои во Отворениот повик.

Премиерот Заев ја најави оваа одлука, односно т.н. „метла“ меѓу двата изборни круга поради лошиот резултат на претседателските избори, но и поради непотизам во партиските редови.

Претседател на Општинската организација на СДСМ во Охрид од септември 2017 година беше бизнисменот и угостител Лазе Танески. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest