Се’ уште е отворен конкурсот за учество на „Канео Фест“, фестивалот добива меѓународен карактер

Охрид, 6. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Фестивалот на новосоздадена македонска народна и забавна песна „Канео Фест“ годинава ќе се одржи по 18-ти пат, на 29-ти јуни во Охрид.

– Благодарение на добрата промоција и успешноста на работата на тимот на фестивалот, оваа година добиваме и меѓународен карактер со тоа што ги прошируваме нашите хоризонти и на земјите соседи од каде веќе има пријавено учесници, а договорена е и соработка со изведувачи во ревијалниот дел. Фестивалот се’ уште ја држи традицијата и ќе продолжи во својата намера за промовирање на, пред се’ новите и млади изведувачи, кои ја чекаат својата шанса на сцената, ама и се разбира дека ќе отвориме простор и за оние веќе докажаните. Сите кои што поседуваат музички талент, сакаат да пејат или едноставно да се забавуваат, ги очекуваме да се пријават на конкурсот кој се’ уште е отворен. Крајниот рок за пријавување на песни е до 20-ти јуни, на нашите e-mail адреси: tvmoris@yahoo.com и kaneofest_jovan@hotmail.com, информираат одговорните.

Организатор на фестивалот е Телевизија Морис од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest