ВАЛЕО советува: Смрзнато рамо (Frozen shoulder)

Охрид, 7. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Смрзнатото рамо е прилично честа причина за болка во рамото. Често се дијагностицира погрешно како синдром на воспаление на ротаторна манжетна на рамото.

Покрај тоа што смрзнато рамо и воспалението на ротаторната манжетна имаат слични симптоми, тие се две различни заболувања. Воспалението на ротаторната манжетна е синдром на инфламација на ротаторите на рамото. Смрзнато рамо е адхезивен капсулитис.

Image may contain: shoes and text

Адхезивен капсулитис е болно нарушување на капсулата во рамениот зглоб од непозната причина. Сврзното ткиво околу гленохумралниот зглоб на рамото станува круто и е воспалено, што во голема мера ги ограничува движењата и предизвикува хронична болка.

Кои се симптомите на смрзнато рамо?
– Болка во рамото;
– Вкочанетост на рамото;
– Губење на функцијата на рамената и ограничени движења со истото.

Image may contain: one or more people and closeup

Болка – првиот симптом на смрзнато рамо е болка во рамото. Болката е постојано присутна при секое движење посебно при подигнување на раката над нивото на рамото и при изведување ротации во истото. Секое движење во рамото е болно, а болката се зголемува при нагли или брзи движења во рамото. Вкочанетост на рамото – како што напредува болеста, постои вкочанетост на зглобот на рамото. Вкочанетоста на рамото се јавува поради задебелување на капсулата и појава на бројни адхезии на рамото. Адхезиите се врзуваат меѓу себе и го ограничуваат движењето во рамото и притоа се создава вкоченост. Губење на функцијата на рамото – како последица на болка се појавува ограничување на движењата во рамениот зглоб. Болката е екстремна и истата се предизвикува при активација т.е. движење во рамениот зглоб.

Кај смрзнато рамо, пациентот:
• Не може да ја крене раката над нивото на неговото рамо;
• Не може да фрли топка;
• Не може да изведе брзи движења во рамото;
• Не може да ја помести раката позади грбот;
• Не може да спие на болната страна.

Пациентите кои страдаат од синдромот на смрзнато рамо имаат ограничувања на движењата. При допир болката не е толку изразена како при движење на рамото.

Image may contain: text

Што предизвикува формирање на смрзнато рамо?

Точната причина за настанување смрзнато рамо сè уште е непозната. Од сосема непознати причини наставува воспаление на капсулата на зглобот на рамото и се создаваат голем број на адхезии. Исто така, воочено е дека некои состојби може да предизвикаат смрзнато рамо:
– Повреда на рамо;
– Операција на рамо;
– Неактивност на рамото;
– Друго воспаление во телото;
– Психолошки стрес;
– Дијабетес;
– Автоимуна болест.

Смрзнато рамо најчесто се јавува кај луѓето на возраст од 35-50 години, почесто кај жените. Луѓето кои имаат смрзнато рамо имаат ризик од заболување и на другото рамо.

Смрзнатото рамо има 3 фази на развој на болеста:
– замрзнување на рамената;
– вкочанетост (смрзнато);
– топење (одмрзнување).
Типично, секоја од овие фази трае 6-8 месеци, освен ако не се лекува.

Image may contain: one or more people, beard and closeup

Како да се третира смрзнато рамо?

Третманот на замрзнатиот рамен синдром зависи од фазата во која се наоѓа болеста и пациентот.

– Фаза на замрзнување – во оваа фаза од третманот се фокусира на намалување на болката во рамото, се применуваат вежби за одржување на мобилноста на рамото, постепено да се зајакнат мускулите на рамото. Во оваа фаза треба да се обезболи рамото. Терапијата се базира на дозирана мобилност и постепено јакнење на мускулите на рамото.
– Фазата на вкочанетост – во оваа фаза, болеста повеќе не е проблем, проблемот е вкочанетоста (контрактурата) на рамото. Се применуваат различни методи на физикална терапија во комбинација со кинезитерапија, со цел да се зголеми мобилноста во рамото.
– Фаза на топење – во оваа фаза на зголемување на движењата (опсегот) во рамениот зголб, програмата за истегнување во рамениот зглоб се комбинира со зајакнување на мускулите на рамениците и физикална терапија.

Image may contain: one or more people and closeup

Како може да се спречи формирањето на смрзнато рамо?

Она што можете да го направите за да ја спречите појавата на смрзнато рамо е правење вежби за горниот дел од телото, вратот и рамениот појас. Физичката активност ги активира мускулите на рамото и е добра за зачувување на мобилноста, еластичноста и силата на рамениот појас.

Треба да се прават вежби за:
– Зајакнување на мускулите на рамото и рамениот појас;
– Истегнување на рамената.

Исто така, треба да се избегнува преоптоварување на рамената.
Ординацијата за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Дополнителни информации сите заинтересирани можат да добијат на телефонот 071/506-818. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest