opstopolicijasoobrakajka

Сообраќајка кај Ботун, повредени две лица

Охрид, 7. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Две лица се повредени во сообраќајната незгода, која синоќа, нешто по 18:00 часот, се случи во близина на селото Ботун.

Според првичните информации, повредените се вон животна опасност, а од СВР Охрид најавуваат повеќе информации во текот на денешниот ден.

Ова е само зголемување на билансот незгодите кои се случуваат на патот Кичево-Охрид, кој веќе подолг период е во изградба. Граѓаните постојано апелираат да се забрзаат работите на комплетирање на овој патен правец, особено во пресрет на летото, кога се очекува зголемување на фреквенцијата на сообраќај за неколку пати. (Крај)

извор: ИнПрес фото:архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest