kniga1

Градската библиотека од понеделник со летно работно време

Охрид, 7. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека од понеделник, 10-ти до 30-ти август ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

– Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги, додаваат од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ од каде информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои во Охрид имаат подолг престој и одмор и сакаат да ги користат читаланата и останатите услуги на установата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest