ЦЈЗ Охрид: Водата во Билјанини извори не e безбедна за пиење

Охрид, 7. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Водата од Билјанините извори е небезбедна за пиење, предупредија денеска од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите покажале присуство на бактерии, па оттаму  водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Image may contain: text

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори, за што јавноста навремено ќе биде известувана. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest