kniga1

Меѓународно литературно читање на членовите на ПЕН Центарот во Охрид

Охрид, 8. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Во рамките на 17-та Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар – Преспа, денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.

Во Прличевата одаја на библиотеката свои стихови од 18:00 часот ќе читаат: Ифигенија Симоновиќ (Словенија), Вида Огњановиќ (Србија), Катица Ќулавкова (Македонија), Иван Џепароски (Македонија), Мирча Дута (Романија), Тоне Першак (Словенија), Санде Стојчевски (Македонија), Димитар Башевски (Македонија), Фахредин Шеху (Косово), Славе Ѓорго Димовски (Македонија), Тоде Илиевски ( Македонија), Лена Рут Стефановиќ (Црна Гора), Весна Ацевска (Македонија), Анжела Димчева (Бугарија), Калина Малеска (Македонија), Александар Прокопиев (Македонија), Владимир Мартиновски (Македонија) и Зоран Анчевски (Македонија).

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани читатели од Охрид и пошироко.

penТема на годинашната конференција на поетите, новелистите и есеистите од регионот е: „Етичкото, политичкото и естетското во книжевноста“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest