Николај Петкоски од Охрид најдобар на меѓународниот натпревар во пијано „Пијано фест 2019“

Битола, 10. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Николај Петкоски од Охрид, кој се натпреваруваше во прва категорија, со освоени 100 поени го освои првото место на првото издание на меѓународниот натпревар во пијано „Пијано фест 2019“, кое се одржиа изминатиот викенд во Битола.

Околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата земја се натпреваруваа во неколку категории и тоа: пет категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари.

Жири комисијата во состав Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија, им додели максимални 100 поени на 11 учесници во различни категории.

Наградатата на Николај му ја додели советничката во Советот на Општина Битола Виолета Дракалска, која истакна дека Битола е препознатлива како град на клавирите и затоа упати честитки до двете професорки по пијано од Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска, на чија иницијатива за прв пат се одржа ова меѓународно натпреварување.

Дракалска посака ова да е само почеток на уште една нова, но успешна приказна за Битола, која ќе го претставува градот и ќе го популаризира, не само во домашни, туку и во светски рамки. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: Скопје 1

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest