Излезе од печат поштенската марка „Деца со ретки болести – Алпорт синдром“

Охрид, 10. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Од денеска Филателијата на Македонска пошта и филателистите низ светот се побогати за уште една ретка поштенска марка.

– Повторно први во светот. Имено, денеска, 10-ти јуни 2019 година, излегува од печат поштенска марка „Деца со ретки болести – Алпорт синдром“ (Alport syndrome) и како таква марка е прва во светот издадена за оваа ретка дијагноза, информираа ктивистот за ретки болести и вработена во Македонска пошта Гордана Лолеска, на чија инцијатива е издадена марката.

Поштенската марка е со номинална вредност од 18.00 денари и прво печатење од 6.000 примероци. Дизајнот е на Татјана Поцевска дизајнер во бирото за филателија.

– Македонска пошта со ова дело покажа по којзнае кој пат дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите граѓани за пациентите со ретки болести посветувајки поштенска марка на најранливата категорија децата, додава Лолеска.

На 4-ти октомври 2017 година, Македонска пошта, во соработка со здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, а на иницијатива исто така на Лолеска, беше издадена првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести, која како таква доживеа огромен публицитет насекаде низ светот, преку ширење на информацијата од страна на здруженија и организации за ретки болести низ светот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest