sednicasovet29jan

Со ребалансот на буџетот ќе се покриваат стари долгови и ќе се заменат азбестните кровови во училиштата

Охрид, 10. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Ребалансот на општинскиот буџет отвори дискусија на денешната седница на совет.

За опозицијата истиот не е оправдан бидејќи од најобемниот буџет досега се кратат средства предвидени за водоводни и фекални мрежи и детска заштита за сметка на враќање на долгови. Оваа локална нема идеја каде треба градот да се движи, рече координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

– Нема оправданост на ребалансот на буџетот. На најобемниот буџет и на веќе исплатени од Владата 8 милиони евра на сметката за раздолжување ние да даваме дополнителни средства, а притоа кратиме од капитални инвестиции, кој е тој развој на општина. Како промена има намалување на ставки во програмата за водоснабнување, за детска зашитрта, за образование. Во Охрид секаде не е решен проблемот со водоснабдување, а таму се кратат средства. Има места кои по традиција имаат проблем со водоснабдувањето, особено летно време. Во образованието се намалуваат 11 милиони денари, а 5.200.000 ќе се одземат од ставката за фекална канализација. Има кратење и во програмата за спорт, помалку средства има за чистење на речните корита, рече Пецаков.

Градоначалникот Константин Георгиески на обвинувањата одговори дека со релоцираните средства ќе се вратат стари долгови таложени со години, а на четири охридски ќе им биде заменет азбестниот кров.

– По однос на релокација на средства 4 милиони денари се предвидени за исплата на сметки спрема ЕВН со преземањето на водоводот во село Лакочереј, кој беше заостанат долг со години наназад. Во програмата ФА- уредување на градежно земјиште надолопнуваме нови 28 милиони денари и тука се тие предвидени ставки за исплата по однос на спогодба во однос на раздолжувањето на општината и тука не станува збор за фаворизирање на одредени субјекти. Во Г2 поттик и развој на туризмот имаме релокација на 4.260.000 денари, а тоа се за субвенции спрема Виз ер кои не се исплатени за 2016 година. До крајот на неделава се распишуваат тендери за реконструкција на кровната конструкција, за време на летниот распуст ќе биде заменет азбестниот кров во 4 училишта: „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во Лескајца, училиштата во Елшани и Коњско. За ова се предвидени околу 12 милиони денари, истакна Георгиески.

Во ставката улици и патишта средствата се задржани. Ќе следува распишување тендер за завршување на улицата во поранешната касарна, како и за комплетна реконструкција на улицата АСНОМ во текот на летото. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest