parkingohrid1

Деновиве ќе профункционира летниот сообраќаен режим и премиум зоната за паркирање

Охрид, 10. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Преминување на некои улици од А во Б паркинг зона, прогласување на премиум зона со поскап паркинг во строгиот центар на градот, 24 часовно физичко присуство на рампите. Ова се дел од начините како ќе функционира летниот сообарќаен режим и паркирањето во Охрид.

Деновиве се очекува да заврши поставувањето на рампите. Веќе имаше и еден настан кога деновиве непознат сторител го уништи постаментот за рампа кај Месокастро. За да се избегнат неаканите ситуации и да се обезбеди нормален пропуст на возила, на рампите ќе има 24 часовно физичко присуство на лица од општината во текот на цело лето.

Потегот од поштата до кејот и целиот кружен тек е премиум зона, каде до крајот на август ќе се наплаќа по 100 денари за еден час паркинг. Ќе се наплаќа со наплатен талон, а плаќањето ќе се врши на каса. Зона Б се проширува по улиците „Партизанска“ и „Димитар Влахов“ до пресекот со „Македонски просветители“ на тој начин тука поефтинува паркиногот. Надвор од сезона ќе се воведе ден за бесплатно паркирање тоа ќе биде среда, рече градоначалникот Константин Георгиески.

– Поставувањето на рампи е регулирано со програмата за урбана опрема и тоа се работи согласнио закон. Утре ќе биде објавен повик за реевиднеција на картичките. Целта е да го дестимулираме движењето на возила во центарот на градот додека жителите на Стра град ќе се движат непречено низ тој простор. Ќе има уште една рампа кај споменикот „Фаќач на крст“ и ќе функционира со новите картички. Според препораките на УНЕСКО е редуцирање на сообраќајот во Стар град и сето ова е во насока на имплементација на тие препораки, потенцира Георгиески.

Затворањето со рампи на Стар град ќе значи правење на еден вид гето во дел од градот каде најголем дел од луѓето се занимаваат со туриазм а реално во тој дел проблем е и паркирањето и движењето на возила, рече координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

– Се враќа зонирањето како што беше претходно, но имаме додавање на премиум зона, ќе видиме што за нас како граѓани што ќе значи. Може да се најде начин оние кои се сместени во стариот дел да паркираат во т.н премиум зона или таму воопшто да нема паркирање. Штетите по туризмот и угостителството ќе се почувствуваат. Свесно или несвесно ќе го умртвиме стариот дел од градот, а таму се дел од нештата со кои Охрид се гордее, рече Пецаков.

Компелтна забрана за сообраќај во стариот дел ќе може да се воведе кога движењето ќе се реши на друг начин. Од локалната имаат идеја за следната година да се набават мали електрични возила и така да се опслужуваат и граѓаните.

Во однос на туристичките автобуси, со оглед на тоа што и не се почитува забраната за движење по кеј Македонија, во согласност со угостителите од овој потег, одлучено е гостите до хотелите да се носат со мали комбиња, за што општината ќе обележи неколку зони за истовар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest