Missing image

Стојановиќ ќе ги предводи ракометарите на Металург

Скопје, 11. јуни 2019 (ИНПРЕС)Ракометниот клуб „Металург“ го ангажира Дамир Стојановиќ за нов тренер на првиот тим. Србинот доаѓа на местото на Оливер Димитриоски, кој го водеше тимот по заминувањето на Данило Брестовац.

Металург наредната сезона ќе влезе со целосно нов тим, кој ќе се натпреварува во домашното првенство, нема да игра во Лигата на шампионите туку најверојатно во ЕХФ купот. Металург нема наредната сезона да игра во СЕХА-лигата.

Стојановиќ во досегашната кариера работел во Хапоел Рижон (Израел), Вечеши (Унгарија), Патра (Грција) и Земун (Србија). (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest