Во тек е пријавувањето за Турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“ во Мешеишта

Охрид, 11. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Во тек е пријавувањето за традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден 2019“, кој годинава ќе се одржи по 45-ти пат во селото Мешеишта.

– Tурнирот ќе се одржува од 19-ти јуни до 12-ти јули, а екипите ќе можат да се пријавуваат до 17-ти јуни кај лицето Крцоски Игор – Манце (телефон 075/701-800). За учество на турнирот секоја екипа треба да плати по 3.000 денари најдоцна до 17-ти јуни. Распоредот на екипите во групи ќе се врши на 18-ти јуни во 21:00 часот во Домот на Културата во Мешеишта.

Фондот на наградите ќе биде соопштен на денот на влечењето, информираат од организациониот одбор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest