Се обележуваат површините за поставување на урбана опрема

Охрид, 11. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Надлежните служби на Локалната самоуправа, во дел од централното градско подрачје ги обележаа површините за поставување на урбана опрема.

– Се информираат сопствениците на деловните простори, пред кои поставуваат урбана опрема да ја почитуваат оваа мерка, бидејќи во спротивно комуналните инспектори ќе постапуваат според законските прописи, велат од општина Охрид.

Обележувањето продолжува и на останатите површини на кои е предвидено поставување на урбана опрема. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest