Ќе се менува азбестниот кров на четири охридски училишта

Охрид, 11. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Во текот на летниот распуст во четири охридски училишта ќе бидат заменети азбестните кровови.

До крајот на оваа недела ќе бидат распишани тендери за реконструкција на крововите на ОУ „Христо Узунов“, ПОУ „Св. Наум Охридски“ во село Елшани, основното училиште во село Коњско и ОУ „Братство Единство“ во Лескајца.

– Овие четири училишта ќе добијат нови кровови во текот на летниот распуст. Тендерот ќе биде околу 12 милиони денари. Историски гледано досега во еден распуст никогаш четири училишта не добиле нови кровови, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Директорите на „Христо Узунов“ и „Братство Единство“ токму крововите од азбестни салонитни табли ги посочија како еден од најголемите проблеми, во рамки на серијата интервјуа во рамки на акцијата „ЗАЕДНО до подобри услови за поквалитетно образование на децата“, што ја иницираа Супер радио и порталите OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest