Осман: Станавме добри пријатели со LeBron James, да играш и да учиш од него беше како сон

Охрид, 11. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Роден е во Охрид, а кошаркарската кариера успешно ја развива во NBA лигата и во Турција.

Џеди Осман е репрезентативец на Турција, а од 2017 година игра за Cleveland Cavaliers. Деновиве тој престојува во родниот Охрид, активно тренира, но и „полни батерии“ за Мундијалот во Кина и NBA сезоната. Во интервјуто што го направивме со Осман поразговаравме за почетоците, љубовта кон кошарката, за пријателството со LeBron James и идните планови.

Супер радио: По потекло си од Македонија, роден си во Охрид, но својот детски сон да бидеш успешен кошаркар го реализира надвор од нашата земја. Ти си репрезентативец на Турција, а играш во Cleveland Cavaliers. Кажи ни за своите почетоци и како се случи преселбата во Турција?

Осман: Јас сум роден 1995 година, овде во Охрид, а веќе 1999 година со семејството се преселивме во Сараево и таму живеевме 7-8 години. Потоа се преселивме во Турција, каде јас играв кошарка за Ефес Пилсен сега Анадолу Ефес и така започна мојот пат кон NBA. Не ни помислував дека ќе биде вака, на почетоците со кошарка почнав да се занимавам како хоби, да ја трошам енергијата на терен, а после тоа како што се развивав и преселбата во Турција, почнав да размислувам во друга насока.

Супер радио: Моментално си дел од NBA тимот Cleveland Cavaliers, договорот го потпиша во 2017 година, на три години. Твој соиграч своевремено беше LeBron James. Какво е чувството да се дели паркетот со ѕвезди од негов ранг, колку научи од него?

Осман: Навистина беше како во сон, да играш заедно со LeBron James и да учиш од него беше нешто неверојатно. Поминувавме доста време заедно, таа една година беше одлична за мене, многу работи научив од него, а што е најважно станавме и добри пријатели. Иако веќе не сме во ист тим, сеуште сме во контакт и имаме многу добро пријателство. Имав многу прилики да го гледам како игра, што прави на теренот, па веројатно сум прифатил некои работи од него.

Image may contain: 2 people, people smiling, people sitting and indoor

Супер радио: На All STAR натпреварот направи еден одличен гест, играше со патиките со македонско и турско знаме. Какво беше чувството да се има целото медиумско внимание врз себе?

Осман: Јас со тој гест сакав само да се заблагодарам на сите навивачи од Турција и Македонија. Роден сум во Македонија го ставив македонското знаме, а и турското бидејќи играм за репрезентацијата на Турција и затоа што играм таму веќе 9 години, затоа сакав да се заблагодарам на сите навивачи.

Супер радио: Она што претстои во август и септември е кошаркарскиот мундијал во Кина. Ќе иамп можност да играш против американската репрезентација. Кој според тебе е фаворит на овој Мундијал?

Осман: Секако дека САД е фаворит номислам дека има и други добри екипи, тука се Канада, Австралија, екипата на Турција е многу добра, имаме млада и добра екипа. Ќе биде интересен турнир. Се подготвуваме веќе два и пол месеци, работиме да се поготвиме за да имаме што подобра позиција на ова светско првенство. Секако дека ќе биде тешко, групата во која сме е тешка, но мислам дека ќе излеземе како втори.

Image may contain: 1 person, smiling, basketball court and stadium

Супер радио: Како „полниш батерии“ и колку често доаѓаш во родниот Охрид?

Осман: Па, во Охрид доаѓам секое лето, тука поминувам по две до три седмици, понекогаш и еден месец. Сакам овде да работам, климата е добра и времето, можам да пливам во езерото. Има многу работи што овде ги правам, времето ми годи и за работа, за тренинг. Еве сега наутро имаме тренинг по 3-4 часа, потоа одиме на одбојка или се забавуваме. Има многу работи што може да се прават овде, Охрид е убав град, го обожувам.

Супер радио: Кои се твоите идни планови, каде се гледаш понатаму?

Осман: Мислам дека и натаму би бил во NBA, тоа е еден поинаков бизнис, никогаш не се знае. Секако дека јас сакам да останам во Кливленд уште многу години, имам добри односи со тренерите и играчите. Засега се е супер.

Супер радио: Што би им порачал на младите?

Осман: Не мора да биде кошарка, може било кој спорт, но единствено порачувам да работат многу, да посветат внимание на тоа што го работат и да се одлучат во животот што сакаат да прават, да имаат план за иднината, како би си олесиле во текот на животот. Што и да работат, нека се занимаваат со спорт.

Image may contain: 2 people, people smiling, basketball court and indoor

Поразговаравме и со тренерот на Џеди, кој е задолжен за подготовките на кошаркарскиот терен.

Супер радио: Вие сте тренер на Џеди Осман. Колку време работите со него?

Марковиќ: Јас сум Радован Марковиќ, од Србија. Јас сум задолжен за кошаркарскиот дел, Џеди има уште двајца тренери задолжени за кондициони подготовки, Марко Секулиќ и Игор Ранисављев, кои се со нас. Секој ден работиме три, понекогаш и четири часа, првиот дел се кондиционите подготовки, а вториот дел е на теренот за кошарка. Сега интензивно работеме веќе седум дена. Обично играчите во текот на летото одлучиваат да се одморат, со оглед дека Џеди е и репрезентативец, со NBA кариера, добро е што има потреба да работи со некој. Веќе две години Џеди работи со Марко, а од оваа година се приклучивме Игор и јас.

Супер радио: Пред него е мундијалот во Кина, NBA сезоната. Колку е Џеди подготвен?

Марковиќ: Многу е важно за него да има континуитет во работата и тренинзите, пред се да се заштити од евентуални повреди, голем проблем е ако играчот направи поголема пауза, па веднаш влегува во натпреварувачки период, така обично и се случуват повреди. Затоа е важен овој воведен период, тој почна да работи пред месец дена со кондиционите тренери, ќе има континуитет од почетокот на јули, на кратко ќе оди во САД, па се враќа, по што почнуваат подготовките со репрезентацијата. Мислам дека овие подготовки ќе му значат многу и за Мундијалот, а подоцна и за NBA сезоната.

Image may contain: 1 person, playing a sport, basketball court, stadium and indoor

Супер радио: Кој е фаворит на претстојниот Мундијал?

Марковиќ: Американците се секогаш први фаворити, но за мене, бидејќи сум од земјата на кошарката, Србија, верувам дека би можеле да играме со нив во финале за злато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest