Полицијата два дена на боево гаѓање на „Бејбунар“

Охрид, 12. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Припадниците на активниот состав на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид при СВР Охрид денес реализираат вежбовна активност со боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“.

– Полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“. Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, апелираат од СВР Охрид.

Според планот утре од 08:00 часот, иста активност ќе имаат полициските службеници од полициската станица од Општа надлежност Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest