Од денес почнува пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во Стар град

Охрид, 12. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Од денеска во општинскиот Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици започна пререгистрацијата на постоечките картички за движење на возила во Стар град.

Оваа постапка се прави врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат.

Пререгистрација може да извршат постојаните жители или оние кои имаат имот во стариот дел, правни лица и станоиздавачи. Туристите кои имаат резервирано сместување преку BOOKING со формуларот ќе може да влезат во Стар град за сместување, а во временски интервал од 1 час возилото треба да излезе.

Потребната документација што треба да се приложи, прочитајте ја ОВДЕ.

Сите баратели кои ги исполнуваат условите, пререгистрација ќе може да извршат секој работен ден во временски период од 08:30 до 11:00 часот, во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид.

Покрај горенаведените документи, барателите со себе треба да ја носат и старата картичка за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest