Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 31. степени

Охрид, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Од денес до сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest