Missing image

Јолевски на регионален министерски состанок во Будва

Будва/Скопје, 14. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Од денес до 16-ти октомври, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе учествува на Сеопфатниот регионален министерски состанок кој ќе се одржи во Будва, Црна Гора.

Во рамките на Сеопфатниот состанок ќе се одржат, Состанокот на политички директори на земјите од Западен Балкан, Состанокот на министрите за одбрана на земјите од САД-Јадранската повелба и СЕДМ (SEDM – South Eastern Defence Ministerial) – Состанокот на министри за одбрана во Југоисточна Европа.

За време на А-5 министерскиот состанок и на СЕДМ состанокот, министерот за одбрана, Зоран Јолевски ќе има свои обраќања. Воедно, министерот Јолевски, на маргините на овој тридневен министерски состанок, ќе оствари неколку билатерални средби.

Целта на овој сеопфатен состанок е усогласување на регионалната одбранбена и безбедносна соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа во рамките на регионалните иницијативи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5) и од соработката на министрите за одбрана од Југоисточна Европа (СЕДМ). (Крај)

извор: Инпрес фото: архива