skolaplivanje1

Стартуваа уписите во пливачката школа „Делфини 2012“

Охрид, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Започнаа уписите во школата за пливање „Делфини 2012“, предводена од реномираното пливачко и воопшто спортско име, професорката Соња Думбаловска Делова.

Непливачите ќе ги научат, а пливачите ќе може да ги усовршат техниките во пливањето. Уписите се отворени, а школата со работа ќе започне на 1-ви јули.

Заинтересираните може да се пријават на отворениот базен при ЈП „Билјанини извори“ секој ден од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, или на телефонскиот број 071/251 904. Групите и термините за тренинзи ќе бидат дополнително утврдени.

Според професорката Думбаловска Делова, пливањето е голем благодет за целиот организам. Тоа е одлична рекреација и релаксација. Но, е и многу погодно, дури и препорачливо во третманите на лордози, сколиози и други деформитети на ‘рбетот кај децата. Професорката ја води школата веќе осум години. Во овој период деца од различни возрасти учеа да пливаат, а дел од нив се доусовршуваа.

Освен професорката Соња Думбаловска Делова, за предавањето на тајните на пливањето помагаат и тренерите Славчо Цветкоски и Миле Јованоски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest