Дурент ќе паузира од осум до 12 месеци

Оукленд, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Кевин Дурент, еден од најдобрите играчи на денешницата, поради повредата на Ахиловата тетива ќе паузира помеѓу осум и 12 месеци.

Играчот на Голден стејт Вориорс по операцијата се огласи од болничката постела, со зборови на благодарност до сите оние што му пружиле поддршка.

КД се повреди на 8 мај, во текот на петтиот меч од полу-финалната серија на Западот, против Хјустон. Без Дурент, Вориорс го минаа Хјустон, а потоа во финалето на Западот со 4-0 ги елиминираа Портланд Трејлблејзерс.

Крилниот играч ги пропушти и првите четири натпревари од финалето против Торонто Репторс.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest