Се’ е подготвено за јубилејното 35-то издание од Интернационалната Ликовната Колонија „Дебрца“

Белчишта, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Организаторите ги прават последните подготовки за новото, јубилејно издание на Интернационалната Уметничка колонија „Дебрца“, која преставува најмасовна културна манифестација во општина Дебрца.

– Активно постои веќе полни 35 години и редовно се одржува во летниот период, јуни/јули. На колонијата учествуваат 12-15 учесници кои творат на територијата на Дебрца. На колонијата досега зеле учество преку 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји. Создадени се преку 500 уметнички дела кои се изложени во Музејот на уметноста во општината Дебрца. Организирани се 115 изложби во Република Македонија и Албанија со изготвени современи каталози. Колонијата соработува со повеќе колонии од Македонија и другите земји, како и Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Големиот интерес за учесници од целиот свет најдобро зборува за реномето кое го има колонијата, како и посетеноста на изложбите, информираат организаторите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest