Kadabayas на 26-ти јуни во Jazz Inn

Охрид, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Охридски Jazz Inn, во 30-та година од постоењето продолжува со организација на концерти со извонредни џез музичари.

Овој пат ќе биде вистинско уживање и размрдување за љубителите на Jazz Funk/Fusion стилот со настапот на одличните Kadabayas на 26-ти јуни. На повеќето слушатели на џез музиката им се добро познати, а на тие што не ги имаат слушнато еве им златна шанса. Вечерта ќе се одржи и промоција на нивниот втор албум „Од понеделник“, кој претставува совршен спој на македонската етно музика и џез фанкот и кој ќе можете да го купите вечерта, порачуваат од Jazz Inn.

Во Kadabayas членуваат Ѓоле Максимовски на електричен бас, Дино Милосављевиќ на тапани и Зоран Костадиновски на гитара, а специјален гостин  на вечерта ќе биде Гордан Спасовски на клавијатури.

Билетите по цена од 200 денари ќе можете да ги купите во Музичката продавница ZZ Top и во Jazz Inn. Претходни резервации на тел: 078/662-117. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest